Вељаноски: Опозицијата да се врати во Собранието

Јавно во секоја прилика ќе ги повикувам пратениците од опозицијата да се приклучат на работата на Парламентот, изјави денеска претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и додаде дека искрено очекува  посакува да се вратат во Собранието и ќе направи се што е во негова должност за тоа.

- Не е убаво во Собранието да нема опозиција, изјави Вељаноски.

Следната седница на Собранието ја најавува за крајот на следната или почетокот на последната недела од јуни  на која треба да се донесат одлуки за бројот на потпретседатели, чиј број според Законот за Собранието е тројца, за формирање работни тела... Потоа Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе пристапи кон кадровските решенија, односно предлозите за претседатели и членови на комисиите и другите собраниски тела. 

Појаснува дека доколку опозицијата не учествува во работата на Собранието, односно нивни пратеници не претседаваат со комисиите и другите собраниски тела, тој како претседател на законодавниот дом ќе мора со овластување да назначи кој ќе ги води тие тела.

Доколку не поднесат оставки и не доаѓаат на работа шест месеци во Собранието, со двотретинско мнозинство Собранието може да им го одземе мандатот на пратениците од опозицијата.

Доколку, пак, поднесат оставки, тој е должен за тоа да ја извести Државната изборна комисија со писмо.  

Вељаноски најавува дека од почетокот на следната година во функција ќе бидат ставени новите простории на Парламентот и оти ќе завршат работите на реконструкцијата, адаптацијата и зајакнувањето на зградата, на што е особено горд. 

- Законите ќе се сменат, а градбата ќе остане, вели претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

14.05.2014 - 14:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега