Затвореник од штипскиот затвор вистински херој! - ги спасил повредените од страотната несреќа

Затвореник пуштен на домашно отсуство од штипскиот затвор бил прв кој пристигнал на местото на несреќата каде вчера се судрија автобус и воз при што повредени се 32 лица.

Според ексклузивните информации на Курир, се работи за 42-годишниот З.К. кој најпрво и помогнал на  повредена жена која во моментов е во критична здравствена состојба, медицинска сестра, а потоа и пружил помош и на бремената повредена патничка. 

Затвореникот откако им помогнал на двете жени, продолжил да им помага и на останатите повредени, се додека не дошла брзата помош и со своето возило однел двајца повредени во болница.

Како што дознава Курир, затвореникот бил меѓу најпримерните во затворот.

14.05.2014 - 14:25
Фото: 
Струмицаденес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа