Утре дожд на планините снег - еве до кога ќе врне

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата ќе се движи од шест до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет, а на места ќе се проследени со ретки грмежи. Дневната температура ќе биде доста ниска за овој период од годината, а потоа постепено ќе затоплува.

14.05.2014 - 16:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега