Бабунски го објави списокот на младата селекција за дуелот со Португалија

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, Бобан Бабунски го објави списокот на играчи на кои смета за квалификацискиот натпревар против Португалија од циклусот за пласман на Европското првенство во Чешка 2015 година.

Бабунски повика 22 фудбалери за натпреварот кој ќе се игра на  арената „Филип Втори“ во Скопје на 23 мај, со почеток во 18 часот.

На списокот се голмани Столе Димитриевски (Гранада, Шпанија) и Игор Алексовски (Македонија ЃП).

Одбрана: Кристијан Тошевски (Тетекс), Дино Најдоски (Работнички), Ѓорѓи Зајков (Работнички), Александар Дамчевски (Черноморец, Бугарија), Висар Муслиу (Ренова), Леонард Жута (Хакен, Шведска), Стефан Ашковски (Напредак, Србија), Егзон Бејтулаху (Шкендија).

Среден Ред: Филип Петревски (Норткоут Сити, Австралија), Мартин Блажевски (Вардар), Бесмир Бојку (Македонија Ѓ.П), Бобан Николов (Виторија Констанца, Романија), Даниел Аврамовски (Македонија Ѓ.П), Дарко Мицевски (ОФК Белград, Србија), Дарко Велковски (Работнички).

Напад: Дориан Бабунски (Реал Мадрид, Шпанија), Марко Симоновски (Металург), Маријан Радевски (Металург), Кире Марковски (Работнички), Фахрудин Ѓурѓевиќ (Македонија Ѓ.П).

- Списокот на играчи за овие натпревари е направен во корелација со селекторот на „А“ репрезентацијата, која ги почнува подготовките за квалификациите за Европското првенство. Селектираните фудбалери во репрезентацијата до 21 година ќе имаат можност да покажат дека во моментот се во најдобра форма. Одбравме играчи кои имаат континуитет во младите селекции, некои од нив дополнително добија македонски пасош и се надеваме дека со игрите кои ќе ги прикажат во младата репрезентација во блиска иднина ќе се наметнат и во најдобриот состав, изјави селекторот на младата репрезентација, Бобан Бабунски за официјлната веб страна на ФФМ.

Четири дена по квалификациакиот дуел со Португалија, на 27 мај во германскиот град Ахен, нашите млади фудбалери ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Катар.

14.05.2014 - 18:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега