ВИДЕО: Погледнете го голот на Бабунски во дресот на Барса

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски, постигна гол за Барселона, во полуфиналниот меч од Купот на Каталонија.
Барселона во ова неофицијално натпреварување настапува со подмладен состав, а во полуфиналето ја совлада Џирона со 3:2.
 
Македонскиот репрезентативец го постигна првиот гол на натпреварот во 18.минута. Давид Бабунски на теренот минал 71.минута, по неговото излегување Илие го поставил конечниот резултат. 
 
Финалето на Купот на Каталонија ќе се одигра на 21.мај, а противник на Барселона ќе и биде Еспањол. 
14.05.2014 - 20:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега