Пресврт: Софија Куновска ќе биде претседател на Собранието

Софија Куновска ќе ја добие позицијата Претседател на Собранието на СДСМ во сенка. Иако станува збор за до сега невидена опозициска пракса, сепак, опозиционерите на чело со Заев се решиле во слободното време кое ќе им остане по враќањето на мандатите да си најдат работа и наместо во македонското Собрание, тие да формираат свое, во сенка на Бихаќка, на шега вели еден поранешен висок функционер на СДСМ.
Токму позицијата која по формирањето најверојатно ќе и биде доделена на Куновска направила најголема кавга во опозициските редови. Според опозициските шпекулации, покрај Куновска, за истото место заинтересирани биле повеќе функционери на СДСМ. Најгласни според неофицијалните информации од Бихаќка била Рената Десковска и Марјан Даскалов од Струмица кои барале и службени автомобили за своите нови „функции“.
Голем абила и нервозата за парите кои Собранието ќе им ги префрла, на шега вели еден поранешен висок функционер на СДСМ кој се шегува со денешните коментари на Извршниот одбор на СДСМ.

Тој на шега додва дека ќе се формирале дури и собраниски комисии во сенка, а на таа за евроинтеграција, уште од сега претседателското столче е резервирано за како што вели „вечниот борец за интеграции“ Радмила Шеќеринска.

 

Според истиот извор, со ова Собрание вистински ќе се вклопи и владата во сенка на Заев, која нема да има никаков проблем да ги помине своите „одлуки“ преку „собранието во сенка“ бидејќи во него, нема да има опозиција.

15.05.2014 - 21:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега