ЗАСЛУЖЕНО: Атлетико Мадрид е новиот шампион на Шпанија

Екипата на Атлетико Мадрид е новиот шампион на Шпанија откако вечерва во натпреварот од последното 38. коло на гостувањето кај директниот конкурент за титулата Барселона одигра нерешено 1:1. Овој бод беше доволен за Атлетико да ја освои титулата.

Натпреварот на „Камп Коу“ не почна добро за избраниците на гостинскиот тренер Диего Симеоне, откако поради повреди мораше да ги замени Диего Коста во 16.минута и Арда Туран во 23.минута.

Барселона поведе со прекрасниот гол на Алексис Санчез во 34.минута. Но, на почетокот на вториот дел по корнер Диего Годин изедначи на 1:1 во 49.минута. Тоа на крајот се покажа дека е и конечниот резултат.

Атлетико Мадрид ја освои титулата со 90 бодови, три повеќе го Барселона и Реал Мадрид кои освоија по 87.

Денеска во натпреварот од последното коло Реал Мадрид го победи Еспањол со 3:1, а вчера Малага беше поуспешна од Леванте со 1:0.
Вечерва се игра натпреварот Валенсија и Селта, додека другите дуели на програмата се утре, кога ќе бидат познати и екипите кои покрај Бетис ќе ја напуштат лигата.

За Атлетико Мадрид ова е вкупно 10.та титула шампион на Шпанија, а прва по 1996 година

17.05.2014 - 20:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега