Македонскиот јазик се говори на пет континенти

Македонскиот јазик постои и е признаен буквално на сите континенти , пишува Нова Македонија.

Децата на иселениците во земјите каде што имаме посилна дијаспора почнуваат полека да се одлепуваат од ткивото. Оние од втората или од третата генерација имаат поголем проблем да го совладаат македонскиот јазик. Национален интерес е државата да се грижи за Македонците што живеат и се раѓаат во дијаспората за да го зачуваат идентитетот и да им го пренесат на своите поколенија, а тоа најдобро може да го направи преку организирана мрежа од институции и кадар што системски, а не стихијно, би го вовеле македонскиот во државните наставни програми, порачуваат јазичарите. Така е, на пример, во Австралија, каде што се спроведува настава по македонски јазик како дел од државната наставна програма, пишува Нова Македонија.

-Иако во Шведска живеат и работат над 15.000 Македонци, застапеноста на македонскиот јазик беше на ниско ниво. Во шведските библиотеки можеа да се најдат само постари книги на српски или на хрватски јазик, но со поддршка на Агенцијата за иселеништво сега тој фонд се збогатува и со книги на македонски.
Проектот е, пред сѐ, наменет за помладите генерации.Од 2011 г. и во Париз се учи македонски јазик. Наставничкиот кадар е испратен од Министерството за образование на Македонија, а програмата се одвива во две фази, пишува Нова Македонија.

Исто така и 700 ученици од Измир и околните општини во Турција, пак, го изучуваат македонскиот јазик.