МПЦ со донација од 3 милиони денари

Македонската православна црква со финансиска поддршка од  3.000.000 денари се вклучува во акцијата за помош на Србија и Бих кои се погодени од поплави.

-  Повикувајќи се на апелите на премиерот на Република Србија Александар Вучиќ и на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј, за христијанско милосрдие и братска помош, МПЦ се вклучува во акцијата која деновиве веќе се одвива во Република Македонија за прибирање на неопходната помош, се вели во соопштението од Синодот на МПЦ.

Синодот со особено внимание и загриженост ги следи настаните поврзани со катастрофалните поплави.

- Се молиме на Семилостивиот Бог и Спасител и за душите на загинатите од поплавите, но и за истрајност на живите во овие искушенија, во духот на нашата света вера, онака како што нашите народи секогаш низ историјата ги надминувале, се наведува во соопштението од Светиот архиерејски синод на МПЦ.

19.05.2014 - 14:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега