Памела Андерсон призна дека била силувана

Славната актерка Памела Андресон си ја отвори душата и откри дека кога била млада била жртва на силување.

Таа призна дека како малечка била злоставувана од дадилката, додека нејзиното прво момче ја присилило на групен секс. Имав 12 години кога постариот брат на мојата пријателка ме силуваше. Беше 13 години постар од мене. Почна со масажа на грбот, а заврши со насилство - изјавила актерката.

Таа откри дека дадилката ја злоставувала на шест години, а една година по првото брутално силување ја искористило и нејзиното поранешно момче.
- Собра шест свои пријатели и сите ме силуваа. Сакав да умрам од болка и од срам - рекла Памела.

19.05.2014 - 14:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега