Уапсен убиецот на матурантот од скопско Ѓорче Петров

Лице од албанска националност чиј идентитет полицијата се уште не го соопштува се сомничи за убиството пред очната клиника во скопско Ѓорче Петров. Според информациите до кои дојде Press24 од полициски извори, во убиството учествувало само 1 лице, што значи дека не е точна информацијата дека за убиството се одговорни три лица. Извори од истрагата за Press24 велат дека имаат цврсти докази кои вклучуваат и видео материјали од безбедносните камери. 
Убиениот А.П. (18) е од македонска националност и пред два дена ја пославил својата матура.

19.05.2014 - 19:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега