Македонија го одбележува Денот на пожарникарите

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје денеска со свеченост ќе го одбележи 20 Мај, Денот на пожарникаството.

Одбележувањето ќе почне со свечено постројување на противпожарната бригада и поднесување рапорт од командантот на пожарникарите, Благоја Менковски, на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Ќе се одржи и тактичко показна вежба, како и презентација на опремата што ја поседува Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. 

20.05.2014 - 09:55
Фото: 
Денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега