Македонија и понатаму продолжува да им помага на Србија и БиХ

Согласно одлуката на Владата на Република Македонија за помошта на поплавените семејства во Србија и БиХ, Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со Агенцијата за стокови резерви и Бирото за лекови презеде активности за нивно обезбедување и транспорт и таа е доставена до крајните дестинации.  

Кај северниот сосед испратени се 15 припадници од тимовите за спасување, два гумени чамци, 15 агрегати за струја, 23 пумпи со капацитет од 200-300 л/минута и две мултифункционални дизел пумпи со капацитет од 3.000 л/минута.

Испратени се 15 лица од Министерството за одбрана и пет пластични чамци, агрегати за струја 3.000 ќебиња и разни видови лекарства.. 

МВР испрати и хеликоптер со 15 полициски припадници, а ангажираните лица се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Обреновац.  

Ангажираните лица во Босна се сместени и работат на отстранување на опасностите и последиците од поплавите во Брчко, се наведува во соопштението. 

20.05.2014 - 14:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега