Претседателот Иванов на аудиенција кај папата Франциск

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска  во Ватикан ќе има средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, јави известувачот на МИА.

По аудиенцијата кај папата, македонскиот претседател ќе има средба со државниот секретар на Светиот престол монсињор Пјетро Паролин.

Во тек на престојот во Италија македонскиот претседател ќе има билатерална средба со својот италијански колега Џорџо Наполитано, а ќе одржи и предавања на Универзитетот „Федерико Втори“ во Неапол  и Институтот на Франко Фратини.

Во составот на државната делегација покрај претседателот Иванов се и министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за образование и наука Спиро Ристовски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска. Црковната делегација е предводена од поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан, а во нејзиниот состав се и претставници на МПЦ-ОА и на Католичката црква во Македонија.

21.05.2014 - 09:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега