Лоши вести од метеоролозите за викендот

Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне нестабилно со услови за слаби локални врнежи од додж и грмотевици ќе има во западните и северозапдните предели. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 32°C.  УВ индекс 7, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 12°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 29°C. УВ индекс 7.

Во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен западен ветер. Утринските температури од 8°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 30°C. УВ индекс 3.

Во недела во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. УВ индекс 6. 

22.05.2014 - 23:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега