Неработен ден за Власите - кои се неработни денови до крајот на годината?

Власите во Република Македонија денеска со свечена академија ќе го одбележат својот национален празник 23 Мај, кој  со Законот за празници од 2007 година е и државен празник и неработен ден за припадниците од влашката заедница.

Со одлука на Лигата на Власите и другите влашки граѓански здруженија, во 1991 година овој ден е прогласен за Национален ден на Власите од целиот свет.

На тој датум во  1905 година, со посебен документ (Ираде)  на султанот Абдул Хамид Втори, влашкиот народ бил признат како посебен народ со право на богослужба на влашки јазик, право на образование на мајчин јазик во нивните училишта, со право да избираат муфтии, така како што налагале законите на Отоманската империја.

Ова се неработните денови до крајот на годината:

• 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (сабота), Ден на Републиката

• 08 септември (понеделник), Ден на независноста

• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание

• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици)

• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (понеделник), Свети Сава 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

 

• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик

23.05.2014 - 09:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега