Радмила Шеќеринска исчезна

Никаков траг на политичката сцена од Радмила Шеќеринска по катастрофалниот пораз кој нејзината партија го доживеа на последните избори. Заменик претседателот на СДСМ воопшто не се појавува во јавност, не дава изјави за новинарите и не држи никакви прес конференции. Трендот, Шеќеринска да бега од камерите започна уште пред изборите, кога изби аферата за кириите кои таа и нејзиниот сопруг ги добивале за станот во кој живеат. Неофицијално, партијата проценила, дека нејзиното појавување во јаност и носи политичка штета и затоа, повеќе од еден месе Шеќеринска е во „илегала“
Освен тоа што ја нема во јавноста, таа не е активна ниту на социјалните мрежи. На нејзиниот профил на Facebook, последниот пост е на 12 мај, по Конгресот на СДСМ. 
Слабо во јавноста се појавува и Зоран Заев. Опозицискиот лидер последен пат беше „виден во јавност“ по сообраќајката меѓу воз и автобус кај Сармзалино и тогаш ја упати последната политчка порака. Во меѓувреме, ставовите на опозицијата ги соопштува партискиот портпарол Петре Шилегов.

26.05.2014 - 23:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа