Две пријателски со Кина пред квалификациите за ЕУРО 2016

Два пријателски меча со Кина ќе одигра македонската фудбалска репрезентација во рамки подготовките пред квалификациите за ЕУРО 2016 година. 

Вчера нашите најдобри фудбалери беа поразени против селекцијата на Камерун, а веќе на 30 мај во Италија, ќе играме против репрезентацијата на Катар.

Ваквите мечеви се од важен карактер особено поради фактот што преку нив многу подобро нашите играчи ќе се запознаат со потенцијалните противници, и можност за докажување да се пробаат повеќе тактики и стратегии, и креирање на еден тимски победнички дух, што голем број случаи се покажал како клучен за успех. 

-Заедништвото, сплотеноста, помошта на фудбалскиот терен е нешто што со години наназад ни недостига и тоа треба да се промени. Од секој натпревар, треба да се извлекува поука, да се направи анализа и работите да се подобрат веќе на следната средба. Ќе им биде дадена шанса и на интернационалците, но и на фудбалерите од домашното првенство, а сѐ со цел да се уигра замислената тактика, и да се формира комплетна слика за изгледот на репрезентацијата. Се разбира дека резултатите се важни, но со овие подготвителни натпревари на прво место е формирање на комплетен тим кој достојно ќе не претставува во претстоечкиот квалификациски циклус, изјави селекторот Бошко Ѓуровски.

Тимот се подмладува, добиваат шанса за игра млади фудбалери, кои се нашата иднина.

Натпреварите ќе бидат одиграни на 18 јуни – во Шенјанг и на 22 јуни – во Јинан.

Точното време на одигрувањето на натпреварите ќе биде дополнително утврдено од страна на домаќинот – Кина.

27.05.2014 - 16:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега