Душебаев избран за најдобар млад ракометар во светот

Ракометарот на Вардар Алекс Душебаев е прогласен за најдобар млад играч во светот за сезоната 2013/2014 од страна на специјализираниот ракометен портал „handball-planet“. 

Душебаев освои најголем број на гласови од вкупно 26.000 посетители на сајтот. 

Гласовите беа резултат на одличната сезона која што ракометарот ја имаше во рамки на Лигата на шампиони каде постигна 44 погодоци. 

Во најдобрата седумка за сезоната 2013/2014 во ЛШ составена од млади ракометари, покрај Душебаев се најде и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Најдобрите седум млади ракометари за сезоната 2013/2014:

Голман: Петер Јоханесон  (Савехоф)

Лево крило: Дејан Манасков  (Металург)

Лев бек: Ласен Андерсен (КИФ Колдинг)

Среден бек: Џим Готфридсон (Флензбург)

Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)

Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Флензбург)

Пивот : Тео Чориќ (Загреб)

30.05.2014 - 15:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега