Милошоски смета дека само вклучување на голема сила може да го реши проблемот со името

Поранешниот шеф на дипломатијата и член на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави дека мора да се вклучи некоја голема сила, дали било тоа Америка, Германија, Франција или самата ЕУ, за да може да се дојде до некакво решение за името кое што нема да биде на штета на двете страни и Македонија и Грција.

Милошоски во интервју за Радио Слободна Европа кое што ќе се емитува во недела, вели дека е неопходно мешање на некојаголема сила во барањето на компромис. Не е возможно да се очекува решение со притисок врз Македонија. 

Освен Македонија и Грција, мора да имаме трета, повлијателна и сериозно заинтересирана страна којашто ќе сака да се вклучи во спорот.

„Освен Македонија и Грција, мора да имаме трета, повлијателна и сериозно заинтересирана страна којашто ќе сака да се вклучи во спорот. Дали тоа ќе бидат САД или Германија, Франција или сите заедно или можеби тоа ќе биде Европската комисија на начин како што посредуваше меѓу Словенија и Хрватска, па ќе се овозможи паралелно почнување на преговорите и нивно течење задно со текот на преговорите за решавање на спорот за името, тоа треба да биде одлучено и освен политичката волја во Македонија и во Грција, да има политичка волја и во Брисел и во Вашингтон да се помогне во решавањето на овој спор“, вели Милошоски.

Неговите процени се дека во овој период скептицизмот кон проширувањето на Европската унија не оди во насока на тоа големите сили да покажат интерес.

 Тоа е единствено што останува да се прави, да се молат другите да се вклучат, односно не другите туку Американците и некои значајни земји од ЕУ и да се обидат да направат форум за преговори, затоа што досега ние воопшто не сме преговарале.

30.05.2014 - 17:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа