Легендарниот Врба по 16 години се враќа дома во МЗТ?

Македонската кошаркарска легенда Врбица Стефанов најави дека е можно да се врати на паркетот во МЗТ саката, во улога која дополнително ќе биде одредена по завршувањето на сезоната, пренесува спортмедиа.мк. 

Некогаш најдобриот кошаркар, имал состанок со челните луѓе на аеродромскиот клуб, за неговиот иден ангажман во таборот на актуелниот шампион. И самиот Врба ја потврди ваквата информација.

Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Врбица Стефанов, е пред враќање на домашната кошаркарска сцена и тоа во таборот на МЗТ Скопје, во улога која дополнително ќе биде одредена по завршувањето на сезоната.

„Точно е дека имав разговор со луѓето од МЗТ Скопје на кој ми беше понудена соработка, односно враќање во клубот за кој настапував во минатото. Беше спомената функцијата спортски директор, но тоа е нешто што во моментов не ме интересира. Изминативе две години работев со млади таленти во Италија и во Австрија во склоп на менаџерската агенција ‘Интерперформанс’, и сакам да продолжам во тој стил. Тоа му го кажав на градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски. Сакам да добијам конкретна задача, а со тоа и слобода во нејзиното извршување, заедно со одговорноста што истата ја носи, и тоа пред сѐ во работата со младите. Знам дека тоа би била комплексна работа, која во многу би зависела и од првиот тренер на екипата, поради што се договоривме да седнеме кога ќе заврши шампионатот. Дури тогаш ќе ги дефинираме сите работи, од кои би зависело моето повторно враќање во МЗТ“, изјави Врбица Стефанов за „Спортмедиа“.

30.05.2014 - 17:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега