Арпад Штербик го прекина договорот со Барселона и доаѓа во скопски Вардар

Арпад Штербик во следните неколку дена и официјално ќе стане нов член на РК Вардар, откако денеска го раскина договорот со Барселона, пренесува Екипа. Штербик веќе извесно време беше поврзуван со трансфер во Скопје, но како проблем се наведуваше високата отштета што Барселона ја бараше за неговите услуги.

Сепак, по завршниот турнир во Келн дојде до пресврт во целата ситуација, откако каталонскиот гигант утрово информираше дека постигнал договор за предвремен раскин на договорот со шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата, а како негова замена беше ангажиран Гонзало Перез де Варгас.

02.06.2014 - 13:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега