Почнува нов квиз на ТВ Сител: Еве како да се пријавите

Денеска во студиото на Сител Телевизија започна кастингот на кандидатите пријавени за учество во новиот квиз на Сител Телевизија, лиценцираниот квиз “Без поени“. Од она што можеше да се види, пријавените кандидати се од различни приофесии, различни возрасти но на сите заедничка им е желбата за добра забава.

Така на кастингот присуствуваа вујна и внука, татко и керка, брачни парови, брат и сестра но и како што се претставија двајца кандидати - коалициони партнери. Во првата фаза беа тестирани окулу 50 кандидати а кастингот продолжува и во следните денови. Иако овој квиз за основа има знаење сепак, учесниците ке одговараат на лесни прашања со повеќе можни одговори а ке се бара одговорот на кој никој не се сетил. 

На пример ако се побара да дадете одговор на река во Македонија, ако кажете Вардар тоа ке значи дека на овој одговор се сетиле најмногу од анкетираните 100 луѓе, но ако кажете Крива Река имате реална шанса да добиете џек пот, бидејки на овој одговор се сетиле многу малку анкетирани. Поентата е да не се дава одговорот што прв ќе ви падне напамет.

Бројот на пријавени е огромен, но сите пред да влезат во студио на снимање ќе мора да го поминат овој прелиминарен кастинг, на кој меѓудругото ке бидат поставени и прашања кои ке бидат дел од квизот. Сите оние кои се имаат пријавено ќе бидат повикани така да доколку се имате пријавено очекувајте повик.

Сценографијата е подготвена а водителката Велков Снеже ги очекува своите натпреварувачи. Подетално за пријавата и правилата на квизот погледнете на БЕЗ ПОЕНИ.

02.06.2014 - 20:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега