Грчките ракометари дури денеска ги почнаа подготовките за мечот со Македонија

Ракометната репрезентација на Грција, нашиот противник во двомечот за пласман на СП во Катар, дури денеска ги започна подготовките, за разлика од македонската ракометна селекција која веќе извесен период засилено се подготвува за овој двомеч, под палката на селекторот Ивица Обрван, пренесува Екипа.

Како што пишува специјализираниот спортски портал, селекторот на ракометната репрезентација на Грција, Јоргос Карнакис, денеска, во 18 часот, ја изврши првата прозивка, на која се појавија 21 ракометари, од кои само двајца интернационалци. Доцниот старт на подготовките е изненадување, ако се знае дека непосредно по дознавањето на противникот, изјави дека дуелот со Македонија претставува голема шанса за нивниот ракомет, најавувајќи дека уште веднаш ќе почнеле со подготовки за натпреварот. На списокот на селекторот Карнакис недостигаат неколку искусни интернационалци, а еве ги повиканите ракометари:

Анастасиос Пападионису, Дионисис Георгијадис, Александрос Алванос (АЕК Атина), Јоргос Масторогианис, Харалампос Малиос, Константинос Делегианис, Раџи Маранго, Харалампо Ананианис (Димоидис Аргус) Константинос Гургумис, Апостолос Паласкас (ПАОК), Димитрос Цирас, Ефстахиос Зампунис, Андреас Арапакопулос, Јоргос Георгиадис (Дукас), Христос Таскос (Трембле, Франција) Теодорос Евангелидис, Вирон Пападопулос (Емпор Рошток, Германија), Костас Григориадис, Акис Купраиос (Килкис), Костас Влахоѓоргус (Посеидон), Милтер Кристодопулос (Бајрон).

Првиот меч се игра во сабота со старт во 18 часот. Во Македонија директен пренос ќе врши ТВ Алфа. 

02.06.2014 - 21:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега