Штербик: Се е договорено - со Вардар потпишувам на 4 години

Довчерашниот голман на Барселона, Арпад Штербик, и самиот за „Мундо Депортиво“ потврди дека се сели во Скопје, истакнувајќи дека во наредните четири години ќе го брани голот на РК Вардар. Тој дополни дека неговиот трансфер не е само од економски причини, туку и од фактот дека набрзо ќе наполни 35 години, а сака да биде многу поблиску до својот дом, пренесува Екипа.

„Самиот побарав раскин на договорот со Барселона. Добив интересна понуда од РК Вардар, ми се допадна затоа што е можност да бидам многу поблиску до дома, и јас ја приофатив, па во наредните четири години ќе го бранам голот на македонскиот клуб. Се е договорено, клубовите исто така се договорија, што значи дека трансферот е веќе завршен“, вели Арпад Штербик.

02.06.2014 - 22:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега