ФОТО: Роналдо ја има најдрагата поддршка за Мундијалот во Бразил

Познатиот фудбалер од редовите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со приватни моменти ги израдува фановите пред патувањето на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Имено фудбалерот на Инстаграм објави фотографија на која е со својот син Кристијано Џуниор.

Фудбалерот во друштво на синот го прослави Светскиот ден на децата, а португалската репрезентација денес тргнува на пат за САД, каде ќе одиграат пријателски натпревар против Мексико.

Пред тргнувањето Кристијано направи селфи фотографија со колегите од репрезентацијата со пораката: „Момчињата кои ја претставуваат својата земја. Напред Португалија“.

03.06.2014 - 09:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега