Откриен идентитетот на мажот кој загина близу Битола

36 годишниот М.М. од битолско Црнобуки е мажот кој вчера околу 18:50 часот загина во железничка несреќа во близина на селото Лознани.

Во М.М. удри воз кој одел од Битола за Скопје.

- Според првичните информации, лицето се движело по пругата, машиновозачот со звучни сигнали го предупредувал да се тргне од пругата, но за жал од ударот на возот лицето починало на местото на железничката несреќа, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

Телото на М.М. е предадено на обдукција.

04.06.2014 - 12:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега