Вергера нема самоконтрола- животот со неа е хорор

Колумбиската актерка Софија Вергара неодамна ја раскина веридбата со својот долгогодишен партнер Ник Лоеб, а сега неговите пријатели откриваат дека животот со неа е вистински хорор.

 

Од кога тие се разделија, пријателите на Ник постојано откриваат по некој од лошите квалитети на убавата актерка. Па така тие велат дека можеби е добро што врската заврши на овој начин затоа што животот со Вергара е вистински хорор.

 

„Мажот кој планира да остане со неа до крајот на животот мора да имаат силни нерви. Софија е арогантна и наметлива, а животот со неа може слободно да се спореди со хорор”, тврдат пријателите на Ник.

Исто така, неговите пријатели велат дека актерката нема контрола над себе и дека во една кавга му го фрлила мобилниот телефон низ прозорецот од автомобилот.

 

 

Ник сепак не успеал да се справи со темпераментот на Софија.

04.06.2014 - 18:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега