Вугринец се огласи пред мечот со Грција: Дебитирам за мојата втора држава

- Дебито не е како секој натпревар, тое нешто посебно. Ќе дебитирам за Македонија мојата втора држава. Дефинитивно против Грција покрај спортскиот има и друг набој, но сега тој да го оставиме на страна и да им покажиме што знаеме и умееме. Влогот не е голем туку преголем а тоа е пласман на Светското првенството, вели новопечениот македонски репрезентативец Ренато Вугринец, пренесува Курир

 „Поголем дел од репрезентативците ги познавам бидејќи доаѓаат од Металург и Вардар. Подготовките во Охрид добро ни дојдоа на сите откако имавме напорна и успешна сезона. Среќен сум меѓу момците кои одлично ме прифатија и мислам дека сме подготвени за големи работи – додава популарниот „Вуги“.

05.06.2014 - 12:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега