Македонија остана замрзната на листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација остана на 80.место на најновата рејтинг листа објавена денеска од страна на Светската фудбалска асоцијација.

Украина има скок од едно место и сега е 16.та, Словачка се наоѓа на 49.место, а зад „црвено-жолтите“ се Белорусија - 82.место и Луксембург - 119.та позиција.

Во ТОП 10 по Шпанија следуваат: Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Уругвај, Колумбија, Италија и Англија.

05.06.2014 - 13:09
Фото: 
екипа
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега