Kако да се спасите од мачното пакување торби за на одмор?

Ви текнало ли некогаш да платите некого за да ги спакува куферите на вашите деца за на пат? Богатите мајки во Њујорк го прават токму тоа. Изнајмуваат професионални организатори кои на нивните деца им ги пакуваат торбите за одење во летен камп.

Верувале или не, постои услуга за пакување на туѓи торби и воопшто не е евтина - професионалните организатори наплатуваат по час минимално 250 долари, а за подготвување на едно дете им требаат минимално четири часа.

Се прашувате на кого и зошто им требаат четири часа за подготвување на детски торби за на пат?

Работата е во тоа дека во торбата треба да се стават апсолутно сите дребулии и предмети во кои уживаат во удобноста на нивниот дом, од мирисни свеќи, специјални скапи сапуни, до сатенски ноќници без кои не можат да спијат.

Консултантката Барбара Рејч за Њујорк Пост објаснува дека неколку мајки самоиницијативно ја замолиле да го направи тоа наместо нив. На многу мајки тоа им е многу стресно, посебно кога детето им оди само првпат. Клиентите ќе кажат дека мора да имаат ноќници поради тоа што се меки и удобни, но плаќаат 10.000 долари за камп и не сакаат да се чувствуваат лошо поради тоа што детето заминува – објаснила таа.

Барањата за услуга за пакување се појавува постапно. Барбара вели дека пред две години имала само една клиентка, лани пет, а оваа година веќе десет.

Професионалната организаторка Дејна Брандоф одработила веќе четири пакувања оваа година, а ја очекуваат уште 15 овој месец.

Некои клиенти од Дејна дури побарале да ја реконструира спалната соба на детето во кампот.

– Поентата на се е децата да имаат чувство дека се дома. Многу родители сакаат да ја пресликаат детската соба во камповите па испраќаат пластични кутии и полици за да има повеќе простор – рече таа.

И психолозите се согласиле дека ваквите идеи се претерување на родителите.

– Мајките кои истовремено се амбициозни и кариеристки, но сметајќи дека родителството им е кариера, знаат да изнајмат персонал и помошнички за да бидат наводно подобри мајки, смета социологот Венсдеј Мартин. 

07.06.2014 - 11:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега