Влада: Спиро Ристовски останува во Министерството за образование

Спиро Ристовски во новиот владин состав ќе биде заменик-министер за образование и наука, дознава Сител телевизија.

 

Спиро Ристовски не е предложен за министер со цел да остане заменик во ова министерство и со стекнатото искуство да помогне во спроведувањето на многу важни проекти кои се започнати и почнуваат.

Груевски бил исклучително задоволен од работата на Ристовски, па затоа одлучи да го остави во МОН, објави Сител.

Ристовски стапи на функцијата министер за образование и наука  на 29 мај 2013 година. Од 2011-ра до 2013-та година беше министер за труд и социјална политика, а претходно и заменик министер во МТСП.

08.06.2014 - 20:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега