Направете брз чоколаден колач со банани и кокос

За да го направите овој брз и вкусен колач со банани и кокос ви се потребни неколку банани, чоколадо за готвење, кокос, мрвици, мелени ореви, бадеми или лешници.

Најпрвин добро го растопувате чоколадото, на тивок оган за да не добие загорен вкус. Бананите ги лупите и ги сечете на кругови. Со вилушка, парче по парче потопувате во чоколадото. На крајот, извалкајте ги во кокос, ореви или некоја друга состојка која ќе го создаде финалниот вкус на оваа слатка закуска.

Кога ќе ја повторите постапката со сите парчиња банана, ставете го садот со колачиња во замрзнувач додека не се стврднат (оставете да отстојат околу 6 часа). Потоа, префрлете ги во фрижидерот.

09.06.2014 - 12:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега