Тетката на Анџелина Џоли почина од рак на дојка

Тетка и на холивудската ѕвезда, оскаровката Анџелина Џоли почина од рак на дојка во болница во Сан Диего. До смртта на 61 годишната Деби Мартин помладата сестра на мајката на Анџелика  дојде на само две недели откако Џоли објави дека и била извршена двојна мастектомија за да спречи појава на истата болест кај неа. Мајка и на Џоли Марселин Бертранд во 2007 година почина од рак на јаници.

Таа навела дека се одлучила на операција, кога лекарите процениле дека има 87 одсто шанси да добие рак на дојката и 50 одсто шанси да заболи од рак на јајници поради наследна генетска мутација.

најчитано сега