Македонските ракометарки на колена пред Германија

Женската ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Германија 21:24 во натпревар од квалификациите за Европското првенство кое во декември годинава ќе се одржи во Унгарија и Хрватска.

На дуелот одигран попладнево во СРЦ Кале во Скопје, а во рамките од групата 7,  нашите ракометарки одиграа одлично во првата четвртина од натпреварот. По воведните 5:0 гостинките од Германија  дури во 12-минута го постигна првиот гол. Македонија имаше и највисоки 6 голови предност во 18 и 19-минута (7:1 и 8:2), но во завршните три минути со серија 0:3 Германија на паузата замина само со два гола негатива 11:9.

Во вториот дел Германија со два гола во серија го израмни резултатот на 11:11 во 32-минута, но избраничките на Магдинчев одново ја презедоа играта во свои раце и се до 44-минута имаа и предност од гол, односно два. Следуваше серија на Германија од 5:1, за веќе во завршните 15 минути да влезат и со два гола позитива која до крајот рутинирано ја одржуваа и зголемуваа предноста за конечни Македонија – Германија 21:23.

Најефикасна на натпреварот беше нашата ракометарка Зорица Деспотовска со 8 постигнати голови, додека за победничките Сузан Милер постигна 6 голови.

Со оваа победа Германија и се приклучија на Русија како втора селекција од оваа група која обезбеди место на ЕП.

За подмладениот состав на нашата селекција ова беше трет пораз во исто толку одиграни натпревари, со што и теоретски ги загубија шансите за пласман на континенталниот шампионат.

Последниот натпревар, одново против Германија, македонските ракометарки ќе го одиграат в сабота во Магдебург.

Табела: Русија 6 бодови, Германија 4 и Македонија 0.

11.06.2014 - 19:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега