ФОТО: Погледнете како изгледа барањето на Шеќеринска за апанажа од Собранието

Парламентот не го признава, но парите од него, со задоволство ќе ги троши. Радмила Шеќеринска побара за нејзината апанажа да гласаат пратениците за кои незината партија вели дека се нелегално избрани.

Ниту таа ниту портпаролот Шилегов цел ден не одговараат на телефонските повици. Без огровор останаа прашањата, дали постапката на Шеќеринска е како што обвини власта, врв на лицемерието или пак промена на политиката за бојкот на опозицијата.

Од ДУИ уште еднаш ги повикаа пратениците од Бихаќка да се вратат во Собранието

Последниот рок во кој СДСМ може да се премисли, истекува на 18 јуни. За тогаш Собранието ќе ја закаже седницата на која согласно законот ќе мора да бидат потврдени оставките на пратениците на Заев.

Следниот ден, на 19 јуни, новиот кабинет на Груевски, ќе ја бара довербата од Собранието

 Кликнете на барањето за поголема врзија

 

11.06.2014 - 21:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега