Девојчето кое ја испеа „Никола Никола“ се мажи за Аргентинец

Се вереше 30 годишната Оливера Лазаревска, која ја паметиме по еден од најголемите детски хитови со кој пораснаа многу генерации - „Никола Никола“.

Според информациите на Телеграф.мк, Оливера пред неколку денови го кажала судбоносното „Да“ на нејзиното долгогодишно момче, Ахандро од Аргентина.

- Веќе една година живееме заедно, а инаку сме заедно повеќе години. Неодамна Алехандро ми приреди несекојдневно романтично изненадување, односно ме запроси. ОДговорот се разбира, беше „Да“,вели Оливера за Телеграф.

ПАрот веќе ја планира свадбата. Оливера вели дека се уште размислуваат каде да ја направат прославата - дали во Скопје или пак, некаде на половина пат меѓу Македонија и Аргентина.

Да се потсети ме на познатата песничка, која Оливера ја испеа во 1993 година.

13.06.2014 - 10:31
Фото: 
Приватна Архива/ преземено од Телеграф.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега