Велешанчето со ампутирана рака е на интензивна нега во Белград

Четворочленото семејство од Велес, кое пред два дена преживеа страотна сообраќајна несреќа во Србија, успешно се опоравува во болниците во Чуприја и во Белград , јавува српски Курир.

- Таткото, мајката и четиригодишниот син се сместени во болницата во Чуприја, и сите тројца се вон животна опасност. На второто дете, кое има две години, му е ампутирана раката и е згрижено во одделението за интензивна нега во Институтот ’Мајка и дете’ во Белград, пишува Курир.

Крвавата несреќа се случи во вторникот, околу 13 часот кај селото Милошево, близу градот Јагодина во Србија. Несреќата се случила кога автомобил „Пежо“ со велешки регистрации излетал од патот Белград - Ниш и завршил во тревата.

- Возачот кој се движел во правец кон Белград изгубил контрола врз возилото и удрил во заштитната ограда. Ударот бил толку силен, што автомобилот се превртел. Децата седеле позади, а жената била на совозачкото место, објавува српски Курир.

19.06.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега