Еве зошто Facebook вчера „падна“

Општа паника се крена вчера откако Фејсбук падна на глобално ниво. Откриено е дека всушност станува збор за хакерски напад и тоа со потекло од Кина.

Вебсајтот на Фејсбук и апликациите беа недостапни околу половина час, а тоа е досега најдолгата недостапност на страната откако постои.

Социјалната мрежа сеуште не открила што доведе до ваквата ситуација, па излегоа шпекулации за причините- дека можеби била нападната од дистрибуиран ДДОС напад (denial-of-service – DDOS). Ваквите напади ги соборуваат веб страниците со тоа што ги бомбардираат со вештачки сообраќај кој ги преоптоварува нивните сервиси и редовно се користи за уривање на големи вебсајтови.

„Мапата на напад“ создадена од компанија за сајбер безбедност Norse покажа активност за време на нападот којшто индицира дека ваквиот напад можеби потекнува од Кина.

 

 

20.06.2014 - 11:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега