Згодни и хумани

На 22.06. недела во 20 часот, спортскиот центар Форца ќе биде местото каде ќе се одржи хуманитарен мини турнир во одбојка на плажа, на кој ќе учествуваат едни од најубавите наши познати девојки, Марјана Станојковска, Власта Ружиновска, Бона Пауновска, Ана Стојановска и многу други.

За регуларноста и фер победа ќе се погрижат водителот на ток шоуто Еден на Еден, Жарко Димитриоски и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски.

Турнирот е во организација на Гуте Фрухте, одличниот нов сок на нашиот пазар и Црвениот Крст на град Скопје. Преку турнирот ќе се донираат речиси еден тон сокови за ранливите категории на население, бездомници и социјално загрозени семејства, а со настанот ќе започне и седуммесечниот проект на Црвениот Крст поддржан од Гуте Фрухте, “Создаваме заедно”. Преку истиот, меѓу другото ќе се донира и специјална компјутерска опрема за училиштето за слепи и слабовидни лица “Димитар Влахов”.

Ќе има и многу специјални изненадувања за сите вас кои ќе присуствувате на настанот, така што воопшто не размислувајте и дојдете во Форца оваа недела во 20 часот, дружете се со вашите омилени познати личности и секако, бидете хумани! Ние сигурно ќе бидеме таму и во понеделник ќе ве известиме за тоа како поминал настанот.

20.06.2014 - 11:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега