Почнаа работите за изградба на најголемиот телескоп во светот

Изградбата на најголемиот оптички телескоп во светот почна синоќа со голема експлозија кога динамит разнесе врв од една планина во пустината Атакама во Чиле.

Екстремно големиот европски телескоп (European Extremely Large Telescope - E-ELT) кој на тоа место го гради Европската јужна опсерваторија, ќе може да им овозможи на астрономите нов увид во потеклото на универзумот и ќе им биде од помош за истражување црни дупки и евентуален вонземски живот.

Изгрзадбата ќе трае најмалку 10 години, а телескопот ќе биде пуштен во употреба две години подоцна. Во првата фаза во која ќе бидат вложени 1,4 милијарди долари предвидено е скратување на брдото Армасонес за 18 метри. Новиот телескоп ќе биде за околу 15 пати поголем од постоечките.

20.06.2014 - 19:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега