Лила Филиповска топ! - се е подготвено за „Кратовските златни денови 2014“

Граѓаните полека почнуваат да го полнат Кратово. Попладнето пристигнаа и првите гости, а почнаа да се полнат и кафулињата. Атмосферата пред почетокто на  „Кратовските златни денови 2014“ почнува да зоврива. Еден заканувачки облак околу 16 часот мина над Кратово, но замина во правец на Пробиштип, без да се истури во Кратово. Храбрите вечерва сигурно ќе бидат на плоштадот „Павел Шатев“, каде веќе огромната сцена со моќно озвучување и кран-камера веќе е поставена. Оние што од разни причини нема да се најдат на плоштадот, вечерва ќе можат да следат директен пренос на Сител3 телевизија. Лила Филиповска е веќе подготвена за подигање на атмосферата, тука е „Бекстејџ“ тимот... Полека може да започнеме со одбројување, 3, 2, 1...

20.06.2014 - 20:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега