Сарачини на средба со унгарска делегација - Унгарија заинтересирана за далекуводот Елбасан-Битола

 

Унгарија е заинтересирана да се вклучи во реализација на проектот за далекуводот Елбасан - Битола, а планира да отвори канцеларија за туризам во Скопје за привлекување унгарски туристи, е договорено денеска на средбата меѓу македонската и унгарската делегација на која присуствуваа министерот за економија Ваљон Сарачини и државниот секретар за надворешни работи и меѓународни економски односи и копретседател на Унгарско-македонскиот деловен совет, Петер Сијарто.

И од унгарска и од македонска страна беше оценето дека политичките и економските односи меѓу двете земји се добри и беше изразена надеж дека со реализацијата на овие конкретни проекти Унгарија ќе се врати на второто место по инвестиции во Македонија како што тоа било случај пред должничката криза.

Денеска беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу агенциите за странски инвестиции на двете држави.