Крстот во Аеродром ќе биде осветен на 24 јуни

Осветувањето на Македонскиот Крст во општина Аеродром, ќе се изврши на 24 јуни 2014 година во 11.00 часот.

Осветувањето ќе го изврши Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски во сослужение со повеќе епископи на Македонската Црква и свештенослужители на Скопската Епархија.

Инаку, македонскиот крст во општина Аеродром е трет крст во светот висок 56,5 метри, поставен на бетонски постамент висок 5 метри, со 34 метри распон на краците  (17 метри секој крак) и широк 4 метри. Во Македонскиот Крст е вградена челична конструкција од 80 тона. Во основата, Македонскиот крст е поставен на 12 шипови со длабочина од 9,5 метри. Во Македонскиот Крст се вградени 750 тони бетон и 30 тона арматурно железо. Челичната конструкција е премачкана со миниум и алкална златна боја. Македонскиот Крст е осветлен и ноќе претставува вистинска атракција во тој дел од општината Аеродром и од градот Скопје.

Изградбата на Македонскиот Крст беше завршена на Христовото воскресение, Велигден, на 20 април 2014 година, а Неговото осветлување за големиот христијански празник Христовото Воскресение, Велигден, претставуваше најголема молитва пред Господа за победата на животот над смртта, за спасение на човештвото, на Македонците и на Македонија.

21.06.2014 - 10:25
Фото: 
портал
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега