Министерот за образование на Хрватска им се извини на матурантите: Луѓе сме, грешки правиме

Жељко Јовановиќ, хрватскиот министер за образование им се извини на матурантите во Хватска поради грешката која се случи во три училишта, каде наместо матурантите да го добијат првиот дел од тестот и да се информираат како да напишат есеј, тие го добија вториот дел каде ги видоа прашањата за матурата кои воедно веднаш се појавија и на социјалните мрежи.

- Се извиниваме за грешката. Не се работи за грешка од наша страна но сепак луѓе сме грешки правиме, рече тој.

Воедно министерот за образование им посака многу среќа на матурантите и додаде дека за матура не се учи за два дена, туку цели четири години.

најчитано сега