Доаѓа електронски џоинт: Легален е и чини 500 денари

По електронските цигари дојде и електронски џоинт, идеја која потекнува како може да се очекува, од Холандија.

Холандската компанија Е-Njoint Б.В. го разви и произведе првиот електронски џоинт во светот.

Според Миланска Кориера Дела Сера, ова е еднократен производ наменет за забави, музички случувања, за во барови, клубови и други слични настани. Во моментов се произведуваат по 10.000 еднократни електронски џоинти на ден што може да се купат во киосците низ Холандија и во трафиките, а наскоро ќе се продаваат и во останатиот дел на Европа.

Сличен е на вистинскиот џоинт по дизајн, e-Njoint е целосно легален, бидејќи не содржи психоактивна супстанца ТХЦ, ниту тутун, ниту никотин. Се продава за цена од € 9 во шест различни овошни вкусови.

"Холандија е позната во целиот свет како толерантна и либерална земја во однос на лесни дроги, така што воведувањето на овој нов производ е јасна порака: тоа е во ред додека не им пречите и не ги загрозувате другите и ќе остане во рамките на пропишаните законски рамки", рече управниот директор на компанијата Мено Контант.

"Ова е сон на секој производител. Продажбата се одвива со молскавична брзина и без некоја посебна реклама. А никој не треба да биде загрижен, бидејќи она што го правиме не е кривично дело", додаде тој.

Компанијата Е-Njoint Б.В. планира да произведе и во иднина и да направи електронски џоинт кој пушачите ќе можат да го полнат со вистински течен канабис. За таа цел, холанѓаните веќе преговараат со израелската компанија Tikun Olam, која се занимава со производство на терапевтски канабис, за да го направат електронскиот џоинт медицинско помагало, наменето за пациенти во краен стадиум на болеста.

22.06.2014 - 23:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега