Го изрешетале среде улица - детали за убиството во Гостивар

Хорор го потресе Гостивар. Шеесет и двегодишен гостиварчанец утрово бил застрелан на кејот на реката Вардар во близина на новиот стадион.

Се работи за Ф.С. кој утрото се враќал дома од работа, а работел како ноќен чувар во еден рибник во Горна Бањица. Тој со возило "застава 101" поминувал по улица покрај новите стамбени згради, кога убијците поставиле контејнер на средината од улицата со што го успориле движењето. Во Ф. С. било пукано повеќе пати од непосредна близина преку ветробранското стакло. Од здобиените рани, тој за жал починал на лице место.

Случајот во полиција го пријавиле околните жители кои ја слушнале пукотницата, по што на местотото дошла полициска патрола и брза помош.

Засега нема информации кој пукал во гостиварецот и кои се мотивите. 

Инаку, ова е прво убиство годинава во Гостивар. Минатата година имаше еден случај и пет обиди за убиство.

23.06.2014 - 11:43
Фото: 
сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега