Заработува милиони, а работи само 20 денови годишно

Холивудската актерка, Меган Фокс откри дека откако се породи работи само 20 денови годишно за да може што повеќе време да поминува со нејзините деца.

- Морам да снимам барем еден филм годишно за да инвестирам во иднината на своите деца и да можам да  им платам студирање, истакна Фокс додавајќи дека се чувствува виновна кога ќе се одвои од семејството.

- Се согласувам да глумам во филмови кои се снимаат во Лос Анџелес, каде поголемиот дел од проектот би бил и би се снимал 10 до 20 денови. Се трудам што помалку да бидам одвоена од децата, наведе актерката.

Меган веќе неколку години е во брак со Брајан Остин Грин со кој има два сина, Но и Боди

23.06.2014 - 21:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега