Катарски инвеститори заинтересирани за бизнис во Охрид

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески денеска го прими вршителот на должноста амбасодор на Катар во Република Македонија, Мохамед Рашид Х. Субах.

Од општината информираат дека на средбата, амбасадорот Субах го запознал градоначалникот за сериозните намери на катарските инвеститори за нивно доаѓање на Охридското крајбрежје.

Катарските инвестици, според информацијата, пред се биле планирани во областа на хотелиерството и здравствениот туризам.

Бакрачески ја истакнал подготвеноста на локалната самоуправа да излезе во пресрет на потенцијалните катарски инвеститори со целосна логистичка и законска поддршка на нивните проекти.

На барање на амбасадорот Субах, стручни служби од општина Охрид му овозможиле разглед на Охридското крајбрежје и посочиле соодветни локации за потенцијалните катарски инвестиции.

ФОТО: Сител

најчитано сега