Во Бугарија 460 евра просечна плата - еве колкави се платите во Европа

Според податоците на Евростат најниската минимална бруто плата во ЕУ се исплаќа во Бугарија – 173,84 евра и Романија 190,57 евра, додека највисока минимална плата има во Луксембург – 1.921,03 евра, јавува порталот Економски.

Бугарија и Романија се први на листата на земја со најниска просечно бруто плата – во Бугарија е 459,89 евра месечно а во Романија 557,22 евра.

Највисоката просечна месечна бруто плата има во Швајцарија – 4.958,37 евра , 4588 евра во Норвешка и Данска  4249,85 евра.

Евростат објави и минимум просечни плати.

Најниска е во Чешка  каде што минималната плата изнесува 31,7 проценти од просечната, 33,5 проценти во Естонија, Романија 34,2 отсто, Шпанија 34,7 отсто, а 35,6 отсто во Хрватска.
Во Грција е 50 отсто а во Кипар- 50,1 проценти.

24.06.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега